Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сè уште се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, кое според исказ од роднини, го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче.

За сообраќајната несреќа во СВР Скопје било пријавено вчера во 16 часот. МВР информира дека веднаш на местото на настанот биле упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, како и јавен обвинител.

-Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле пронајдени три починати лица, соопшти МВР.

Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три женски лица.