Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се вратија уште пет пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваа во странство

/

пред 555 дена

Сподели преку :

Уште пет пациенти повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија. Согласно протоколот, тројца пациенти ќе бидат под опсервација на клиниката за пластична хирургија, еден пациент во хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, а еден пациент, на сопствено барање, лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“.

Во странство остануваат 33-ца хоспитализирани пациенти. Во Македонија се лекуваат вкупно тројца пациенти од кои еден во хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, а двајца во приватната болница „Систина“.

За утре е најавено враќање на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на клиниката за пластична хирургија.

Во пожарот во Кочани загинаа 62-ца, а беа повредени речиси 200 луѓе. Најмногу од повредените беа испратени на лекување во странство.