Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се затрул со алкохол во угостителски објект – малолетник од гостиварско заврши во болница

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Малолетен гостиварец утрово завршил во болница, каде му била пружена медицинска помош, откако било пријавено дека се затрул по конзумирање алкохол во угостителски објект, информира тетовската полиција.

Случајот го пријавиле од Ургентниот центар во Гостивар во 02:45 часот дека кај нив е донесен малолетник затруен со алхохол. Станува збор за 16-годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка, алхохолот го консумирал во угостителски објект во гостивар.

Се преземаат мерки за документирање на случајот и под кои околности малолетникот консумирал алкохол.