Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум лица загинаа во пожар на траект на Филипините, 120 се спасени

/

пред 1595 дена

Сподели преку :

Траект со повеќе од 130 луѓе денеска се запали додека се приближуваше кон североисточната провинција Филипини. Загинаа седум лица. Повеќето патници и членови на екипажот се спасени, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Најмалку четири лица се непознати. Пожарот го зафатил бродот додека се приближувал до пристаништето Реал, во провинцијата Кезон. Многу од 134-те луѓе на бродот биле принудени да скокнат во водата, соопштија претставници на крајбрежната стража. Преживеаните биле спасени со пловни објекти во областа, додаваат тие.

Според надлежните, пожарот најверојатно избувнал од машинскиот простор.