Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум лица вдишиле чад во стан во кој избил пожар

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Седум лица вдишиле чад во пожар којшто избувнал во попладневните часови во стан  ул. „Кочо Рацин“ во Скопје.

„Пожарот веќе е изгаснат од противпожарните служби на Град Скопје. На повредените лица им е пружена медицинска помош“ потврди за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафаќање на поголем простор вклучено е ѝ дополнително противпожарно возило.

„Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помаш. Пожарот за кратко време е локализран и целосно изгаснат“ изјави Томевски.

Засега причините за избувнување на пожарот се непознати, а екипите на МВР се на местото на настанот.