Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Селмани: По еден или два изборни циклуса, на граѓаните ќе им биде се исто дали премиерот е Албанец или Македонец

/

пред 1315 дена

Сподели преку :

„Не треба да се поставува прашањето дали е премиер Македонец или Албанец, туку дали е добар премиер, кој добро ја води државата или не ја води добро“, вели Имер Селмани, поранешен вицепремиер во утринската емисија на Телма.

Тој истакна дека е очигледно дека ДУИ има договор со СДСМ и одвај чекаат да објават дека еден од експонентите на ДУИ ќе биде идниот премиер.

„За жал партиите во Македонија се уште играат на етничка карта и ја злоупотребуваат додека се борат за некои позиции коишто можат да ги претстават како победа во однос на двете доминатни етнички заедници“, истакна универзитетскиот професор Васко Наумовски.