Семејството и пријателите бараат правда за смртта на 22 годишната Теодора Ристовска која летотото 2022 година беше смртно прегазена во Тетово. Две ипол години подоцна и три пресуди судењето е повторно на почеток во тетовскиот суд. Пред судот се собра група граѓани. Во судницата седнаа родителите и сестрите на Теодора. Празно остана столчето на обвинетиот Менсур Пајазити кој ја прегази на пешачки премин. Бил на болничко лекување во тетовската болница. Вчера стасало вакво известување во судот со медициснка документација, соопшти судијата и го се одложи судењето за 27 ми март. Семејството реагираше на одлолговлекувањето и ја очекува поддршката на јавноста и тогаш.
„По две и пол години повторно се наоѓаме пред основен сум повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студент кој се бараше за своите права со соништа беше човек со огромна душа и како што ги гледате овие луѓе денес тука дојдоа да не поддржат, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме уште низ истиот пекол за нешто што е очигледно и што и колку солзи треба да пролееме уште колку мајки треба во црно да ги завееме. Денес тука сме дојдени за правда за сестрите Теодора и се надевам дека судот ќе пресуди правилно“ изјави сестрата на Ева Ристовска, Теодора.
Во септември 2022 Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал двојно постариот Менсур Пајазити. Тетовскиот суд во ноември 2023та година пресудува три ипол години затвор за возачот. Тој се жали на висината на казната. Вишото јавно обвинителство во Гостивар се согласува со неговата жалба а Апелациониот суд во Гостивар му ја намалува казната на Пајазити, на две години затвор. Но тој не оди во затвор, туку Врховниот суд го уважува неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врака предметот на повторно судење во основниот суд
Бавната правда покрена многу сомнежи кај семејството. Прашуваат зошто вишиот обвинител ја поддржал жалбата на обвинетиот Пајазити, но и зошто не биле известени за седницата во Апелациониот суд? Велат никој неможе да им ја надомести загубата но од новиот процес очекуваат исправање на неправдата.
Пајазити е обивнет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.
Елена Ивановска Мукоска











