Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Семејството од Крива Паланка со 500 крави пред обвинение- таткото ја загрозил сигурноста на присутните лица, а една од ќерките е обвинета за напад врз полициски службеник

/

пред 308 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против таткото и двете ќерки сопственици на над 500 крави за кривично дело спречување службено лице при вршење службено дејствие во врска со инцидентот кој се случи на 2 декември во местото Самоков, во близина на село Луке, кога обвинетите не им дозволуваа на службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат одземање крупен добиток по правосилно решение.

Таткото е обвинет и за загрозување на сигурноста на присутните лица, со сериозни закани, додека една од ќерките е обвинета за напад врз полициски службеник кој бил повикан да асистира, при што го повредила со влечење и гребење по лицето.

Дејствијата на обвинетите спречиле службените лица да ја извршат својата задача.

За време на обезбедувањето на доказите, сите тројца обвинети беа задржани со притвор.

Јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за таткото и за едната ќерка, имајќи ја предвид фазата на постапката и околностите за секој од обвинетите.

Таткото и двете ќерки во притвор, АХВ продолжува со акцијата за собирање на кравите во кривопаланечко

Б.С.