Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сеопфатен и безусловен прекин на огнот, слободна пловидба, немешање во внатрешните работи на други земји – наскоро се очекува објава на договорот меѓу САД и Иран

/

пред 135 дена

Сподели преку :

Договорот меѓи САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, треба да биде објавен за неколку часа, пренесува Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори.

Според Нацрт договорот во кој Ал Арабија имала увид, се предвидува моментен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите боишта – копнени, морски и воздушни. Договорот вклучува и взаемна обврска дека нема да се гаѓаат воена, цивилна и економска инфраструктура, како и запирање на сите воени операции и медиумската војна.

Двете страни се обврзале на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и за немешање во внатрешните работи на други земји. Со Нацрт договорот се гарантира и слободно пловење во Персискиот залив, Ормускиот теснец и Оманскиот залив.

Исто така, се предвидува и воспоставување на заеднички механизам за надзор на спроведување и решавање на спорови, а преговорите за останатите отворени прашања би започнале во рок од една недела. Во замена за иранското придржување кон условите, постепени би се укинувале санкциите на САД.