Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сериозна загаденост низ Скопје по големиот пожар во Трубарево, се очекува во текот на ноќта да се зголеми

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Се уште гори отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево, а во повеќе населени места низ градот се чувствува смрдеа. Колку се штетни токсините од облакот над Скопје сѐ уште нема мерливи показатели. Се очекува ноќва поголемо загадување со паѓање на воздушниот притисок.

Последните информации се дека за целосно гасење на пожарот во Трубарево ќе бидат потребни денови, како и да престане чадењето.

Дирекцијата за заштита и спасување вечерва информира дека делот од пожарот кој зафаќа електронски отпад ќе се гаси со песок. Велат дека голем дел од пожарот е изгаснат, но можно е да има испарување и утре и задутре.

Првичниот увид покажува дека на отпадот има и батерии и акумулатори, а до утре ќе се знае дали имало и литиумски батерии.