Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

/

пред 894 дена

Сподели преку :

Северна Кореја оваа година ќе ја опреми својата армија со нов ракетен фрлач со повеќе цевки од 240 мм, објави денеска новинската агенција КЦНА, додавајќи дека во тек е уште една надградба на артилериските способности на земјата, пренесе Бета.

Ракетниот фрлач со повеќе цевки ќе биде „распореден во единиците на Корејската народна армија помеѓу 2024 и 2026 година“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше ракетното тестирање на ракетниот систем, кој беше подложен на „техничко ажурирање“ по првото тестирање кон крајот на април.

Ким рече дека сака да го „доведе на највисоко ниво“ производството на новото оружје и најави „важна промена за зајакнување на борбените способности на артилеријата“ на земјата, објави севернокорејската новинска агенција, без да даде дополнителни детали, наведува Бета.