Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сезонскиот грип и Ковид-19 на исто ниво

/

пред 1383 дена

Сподели преку :

На праг пред почеток на зимата, по две ипол години внимателност и носење маски, имунитетот на луѓето е ослабнат и тие често се заразуваат со сезонски грип.

Матичните лекари велат дека периодов имаат многу пациенти со голем број симптоми кои се поостри во однос на претходните години.

Гледаме голем број  на пациенти со зголемена температура, дијареа и нагони за повраќање кои се зголемени во споредба со лани овој период.-вели матичен лекар.

И првиот човек на институтот за имунологија потврдува дека сезонскиот грип во моментов е поопасен од последната варијанта на ковид. Деновиве почина и првиот пациент заразен со сезонски грип кој не бил вакциниран.

Петличковски вели дека пикот на заразени ќе биде за брзо време, а можно е и двојна зараза истовремено и со сезонски грип и со ковид, но тоа сепак нема да биде голема опасност.

Пикот ќе биде кон крајот на јануари или февруари, но сепак не очекуваме многу страшна закана зимава.-вели петличковски.

Периодов бројките на Ковид-19 не се објавуваат јавно бидејќи се многу мали. На ниво на цела држава неделно има околу 200 лица заразени, од кои околу 10 се лекуваат во болница, а има по еден до два смртни случаи и тоа кај луѓе со други коморбилитети.

Околу 45% од населението над 18 години е вакцинирано барем со една доза.

Комисијата за заразни болести и матичните лекарии апелираат за заштита од инфекции луѓето да се вакцинираат и да продолжат да носат маски во јавен превоз, аптеки, болници и домови за стари лица.

Тамара Марковска