Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шефот на МААЕ за руската окупација на Чернобил: Ситуацијата беше ненормална и многу опасна

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во вторникот ја осуди руската привремена окупација на нуклеарната централа Чернобил како многу опасна и понуди да и помогне на Украина да ја поправи штетата во централата.

„Ситуацијата беше апсолутно ненормална и многу, многу опасна“, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.

Гроси беше во Чернобил по повод 36-годишнината од најголемата цивилна нуклеарна катастрофа кога четвртиот реактор се запали во електраната и експлодира на 26 април 1986 година.

По разговорите во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Гроси рече дека МААЕ и Украина во Чернобил ќе ги обноват „сите капацитети и инфраструктура таму што беа оштетени во последните неколку недели“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди руското однесување на локацијата и рече дека Москва целосно ја занемарила нуклеарната безбедност со истрелување ракети над Чернобил и две други нуклеарни централи.

Зеленски во вторникот доцна навечер рече дека однесувањето на Русите по заземањето на електраната покажува дека „тие изгледа воопшто не разбираат што е Чернобил“ и рече дека руските војници украле опрема за мерење на радијацијата.