Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

/

пред 311 дена

Сподели преку :

НАТО внимателно ги следи обидите на Русија да влијае на внатрешните процеси во Босна и Херцеговина (БиХ) и на регионот на Западен Балкан, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска за агенцијата ФЕНА. Таа нагласи дека ваквите активности претставуваат типичен „руски модел на дејствување“ кој е дел од нивниот хибриден арсенал.

„Многу внимателно ги следиме обидите на злонамерното влијание на Русија да се меша во домашните и регионалните процеси. Видовме како руските хибридни активности се обидуваат да создадат поделби, да искористат дел од сецесионистичката реторика и да создадат дополнителни расцепи во нашите општества и регион. Ние го следиме тоа“, предупреди Шекеринска.

Таа појасни дека ова е типично за рускиот модел на дејствување кој е забележлив и кај сојузниците на НАТО, а не е ограничен само на Западен Балкан или партнерите.

Шекеринска истакна дека НАТО останува посветен на Западен Балкан, бидејќи тоа е регион од стратешка важност за Алијансата, додавајќи дека Алијансата има бројни сојузници од регионот, како и партнери како БиХ.

Зборувајќи за одбранбениот сектор на БиХ и модернизацијата на Оружените сили на БиХ (ОСБиХ), заменик-генералниот секретар на НАТО рече дека Алијансата настојува да обезбеди поддршка во многу практични области. Сепак, како што нагласи, клучно е ОСБиХ да добијат одржливи и посилни финансиски средства.

„Не можете да очекувате да имате добри вооружени сили, соодветно обучени, опремени и подготвени да ве поддржат, понекогаш во најтешки околности, ако не инвестирате во нив“, нагласи Шекеринска, споделувајќи го своето искуство како поранешна министерка за одбрана.