Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шеснаесет жртви во големи шумски пожари во Чиле – прогласена состојба на катастрофа во два региона

/

пред 259 дена

Сподели преку :

Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ прогласи состојба на катастрофа во два региона на југот на земјата, откако големи шумски пожари принудија најмалку 20.000 луѓе на евакуација и зад себе оставија 16 жртви.

Во Чиле изминатите денови беснееја 24 пожари, а владата прогласи вонредна состојба во два региона на околу 500-тини километри јужно од главниот град Сантијаго.

Пожарите досега уништија и речиси 8,500 хектари земја, а според чилеанската Агенција за катастрофи, уништени се најмалку 250 домови.

Од почетокот на годината се регистрирани екстремни температури и топлотни бранови во Чиле, а силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите за контрола на огнот.