Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шесте пожари сè уште горат на територија на Македонија

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Пожарникарите, тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и армијата денеска продолжуваат да ги гаснат шесте пожари кои се активни на територијата на државата. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), гори кај село Николиќ, кај селото Горњани и на териториите на општините Велес и Македонски Брод, како и две депонии во скопскиот регион.

Пожарот кај село Николиќ го гасат тимови на ДЗС, заедно со пожарникари од Дојран, од Валандово и од Струмица, како и 30 вработени на Национални шуми. Таму се интервенира и со четири пинцгауери и две противпожарни возила.

Кај Горњани во Чучер Сандево, на терен се четиричлен тим на Национални шуми, 20 припадници на АРМ со два пинцгауера и цистерна обезбедена од општината.

Во велешко, кај селата Џидимирци и Крушје гаснат две екипи на Национални шуми со возила, екипа на велешките пожарникари со цистерна и 30 припадници на АРМ.

За последниот активен пожар, кој е во реонот на Општина Македонски Брод, се користи тешка механизација за да се прават засеци, а гаснат два тима со осум вработени во Национални шуми, две цистерни на пожарникарите од Македонски брод, тимови на „Македонија пат“, а поставен е монтажен базен за хеликоптерот на МВР кој доколку процените покажат ќе се вклучи во гаснењето во попладневните часови.

Огнен Чанчаревиќ