Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шести ден Струмица без вода, Инспекторатот на терен, ја проверува состојбата со загадената вода во браната Турија

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина се на терен и се прави надзор над брана Турија во Струмица.

Се очекува по проверката да се посочат можните причини за зголеменото присуство на кал во водата поради која има висока концентрација на манган што не може да го прочисти филтер станицата на струмичкото комунално претпријатие.

Тие најавуваат одговори во понеделник.

Според Законот за хидролошка дејност, надлежни за акумулациите се и Управата за хидрометереолошки работи, каде во член 7 е наведено дека УХМР е надлежен за мерење и набљудување на површинските води во реки, езера, акумулации, но од УХМР велат дека никогаш не вршеле мерења на акумулации. Имале поставено 20 мерни станици на реките.

Според нив постои законска недореченост и за прашањето за квалитетот на водата во акумулациите препорачаа да се консултираме со Министерството за животна средина.

Експертите што ги контактираше Телма велат дека доколк во водата во Турија има зголемена количина на кал единствено решение би била механичка филтрација на водата.

Второто решение е втор извор на вода за градот додека се реши проблемот со браната, но Струмица за сега нема таква алтернатива.

Граѓаните, во меѓувреме најчесто купуваат вода за основните потреби пиење и готвење, велат свикнале на новонастанатите услови.

Седми ден водоводната мрежа во Струмица водата до домаќинставата ја испорачува само како техничка, бидејќи филтер станицата не може да ја прочисти до квалитет на степен за консумација.

Вчера градоначалникот Костадинов соопшти дека не опаѓа нивото на манган во водата. Засега концентрацијата е околу 1.5 милиграми во литар вода и е највисоко ниво откако е направена филтер станицата.

Сузана Мицева