Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шилегов: „Во бестрага – Дали крајот така мириса?“

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Без коментар, преку песна, објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“, екс-градоначалникот на Скопје го изрази своето незадоволство од изборот на новото раководство на СДСМ. Петре Шилегов, кој е голем критичар на Венко Филипче, а не го штедеше ни претходното партиско раководство, ни овојпат не го крие своето разочарување од кадровските промени во  партијата. Останатите досегашни партиски функционери се воздржаа од коментар. Членството, пак, е поделено. Дел се задоволни од новиот избор, дел реагираат зошто нема претставници од нивните општини,а се поставуваат и прашања од типот, „Каде се скопјани“?

Не се воздржаа ниту од владејачката партија. За Социјалдемоктратите, пак, ова е „јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ“.

Синоќа, Централниот одбор на СДСМ избра целосно ново партиско  раководство. За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ, од општинската организација на Гази Баба. Потпретседатели ќе бидат поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, професорката од Правниот факултет во Скопје, Ана Чупеска, и Кристина Костова од Штип, член на Централниот одбор на СДСМ. За организациски секретари беа избрани поранешниот пратеник од Куманово, Мартин Костовски, и Љупчо Фармаковски од општинската организација на Центар.

Целосно нови лица се избрани и за членови на Извршниот одбор. Ирена Китанова од Штип, Лолита Ристова од Неготино, Живка Агелоска од Охрид, екс-пратеничката Белкиса Зеќири, Агрон Демири, Рената Младеновска, Александар Трајановски, Александар Арсиќ, Ратко Ајцев, Филип Секуловски, Андијана Томовска, Душанка Георигиева Трпевски и Симона Цветановска.

Филипче најави дека веќе од денес ќе тргне по општинските организации, со цел да го консолидира поделеното членство во пресрет на локалните избори.

Далиборка Демјанска