Владата на Шпанија одби да им одобри на САД користење на базите „Рота“ (Кадиз) и „Морон“ (Севилја) за операции против Иран, по што Америка пренасочи 15 воени авиони, главно цистерни за дополнување на гориво, кон базите во Германија и во Франција.
„Шпанските бази не се користат и нема да се користат за оваа операција, ниту за нешто што не е во согласност со договорот со САД и Повелбата на Обединетите Нации“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги осуди американско-изарелските напади како ескалација и кршење на меѓународното право, истакнувајќи потреба од деескалација и преговори.











