Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штекли однесен на Неврологија, бил неконтактибилен и дезориентиран – судењето одложено за еден час

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Судењето за Раде Трајковски Штекли и неговите соработници за неовластена трговија на дрога е одложено на еден час. Причината е поради тоа што Штекли во моментов се наоѓа на Неврологија од здравствени причини.

Штекли при прегледот во затворот „Скопје“ утринава бил неконтактибилен и дезориентиран во сите правци по што со специјалистички упат и брза помош е однесен на државна клиника. Сличен напад во затворот имал и вчера. Судијата Илија Трпков изрази надеж дека прегледот ќе биде краток и дека обвинетиот ќе биде донесен во судница.