Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штетата од пожарите е пет милијарди денари – Михаилов во „Топ тема“ за билансот од огнените стихии кои беснееја летово низ Македонија

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Пет милијарди денари е проценетата штета од пожарите кои беснееја ширум Македонија во јули, во август и мал дел од септември, изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на „Национални шуми“ во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Овој податок е страшен, но е реален“, рече Михаилов.

Според него, во посочените месеци во оваа година имало околу 2.000 пожари.

„Двесте и четириесет се шумски пожари. Само во Општина Велес штетата од двата големи пожара е некаде две милијарди. Земено на цела држава, иако бројката на пожари беше огромна, штетата по однос на изгорената дрвна маса не е многу голема, затоа што од тие 2.000 пожари, беа зафатени многу мал дел на шуми со, пред сè, деградирана дрвна маса“, истакна Михаилов.