Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипското обвинителство бара притвор за лицата осомничени за изнуда и подметнување пожар

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Двајца штипјани осомничени за изнуда и предизвикување општа опасност. Се обиделе да изнудат 30 илјади денари од штипјанец.

Оштетениот, соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на неговото семејство, ги пријавил изнудувачите во штипската полиција.

Според описот на случајот од Обвинителството, била договорена средба на 4 јануари годинава на која осомничените требало да преземат 30 илјади денари. Полициските службеници ги затекнале при обидот да ги земат парите од оштетениот и ги уапсиле.

Претходно, на 16 декември, осомничените намерно и со умисла запалиле автомобил на своја сограѓанка.

На тој начин, додаваат од Обвинителството, осомничените со умисла предизвикале значителна опасност за животот на луѓето.

За овие лица ОЈО Штип донело наредба за спроведување истражна постапка, а поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата, јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените.