Изговори наместо реформи, корупција, непотизам. Европската унија чека на Македонија, а не обратно. Ова е пораката која ја испрати холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. Вицепремиерката за добро владење, Грковска, порача дека покрај објективни има и тенденциозни кризи кои намерно ја одвраќаат земјава од европскиот пат.











