Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Што се случува со РЕК Осломеј?

/

пред 463 дена

Сподели преку :

Пред неколку дена од ЕСМ излегоа со соопштение дека централата е на мрежа и произведува струја за потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ.

Потоа централата повторно беше исклучена. Според, информации на Телма вчера имало обид за вклучување, но бил безуспешен. Од ЕСМ пак негираат дека имало такво нешто. Од компанијата за Телма соопштија дека во ТЕЦ Осломеј се прават интензивни подготвителни активности пред ремонт и дека целта била детално да се провери системот, за да се утврдат сите точки кои би биле ревитализирани.

Од компанијата посочуваат дека според планот Осломеј ќе продолжи да работи и во одредени периоди во јули, согласно потребите на ЕВН ХОУМ.

Претходно надвор од функција беше  и РЕК Битола. Тогаш од ЕСМ соопштија дека се сомневаат во саботажа. Во тој период потребните количини на струја беа обезбедени  од набавки.