Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајк во македонски пошти – вработени бараат зголемување на платите од 3.000 денари и нова систематизација

/

пред 1635 дена

Сподели преку :

Денеска треба да почне штрајкот на вработените во АД „Пошта на Северна Македонија“. Причините за штрајкот е, како што велат неизвесната иднина на над 2.200 вработени и иднината на компанијата и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари. Се бара гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.

Од Синдикатот велат дека голем број од вработените добиваат плата од само 17.000 денари. Во време на штрајкувањето вработените ќе ги извршуваат само оние услуги од поштенскиот дел како судски препорачани пратки, пратки за прекршоци и пратки за одбрана и безбедност. Сите останати видови на услуги ќе бидат во мирување. Поштенските единици ќе бидат отворени за извршување на услугите на физичките и правни лица. Се тврди дека штрајкот го поддржуваат над 90 отсто од вработените.

Менаџментот на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, вчера попладнето во очи на најавениот штрајк од двете синдикални организации соопшти дека поднел иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор.