Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајкот во образованието официјално завршен, зголемени плати и за вработените во градинките

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Постигнат договор за зголемување на платите на вработените во детските градинки за 15 отсто. До крајот на мај ќе се донесе и нов колективен договор за работниците во секторот детска заштита. Министерката за труд и социјална политика, тренчевска и претседателот на СОНК, Неделков постигнаа договор и со тоа штрајкот во образованието официјално е завршен, соопшти Неделков.

Тренчевска дополни и дека ќе се направи итна корекција на актуелниот колективен договор со цел на вработените да им се исплати целосната априлска плата и покрај тоа што во овој период во оваа дејност се штрајкуваше.

– Измените и дополнувањето на колективниот договор во кој се регулираат приходите и придонесите за време на штрајк се испратени во Слуќжебн весник. Деновиве ќе се објават и ќе се пристапи кон исплата на платите, рече министерката.

Неделков со постигнувањето на овој договор го прогласи виклусот на штрајкување во образованието и детската заштита за затворен.

– Она што беше спорно за исплата на дневници, денеска со измена на колективниот договор го регулиравме и ова право што сметавме дека од разни причини се дескриминирани вработените. МТСТП имаше разбирање за тоа што гоп баравме, го усогласивме и овој дел. Сметаме дека овој процес на штрајк и преговори конечно е затворен, изјави синдикалниот лидер.

По празникот Св.Кирил и Методиј започнуваат средбите на работните групи кои се формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе биде донесен колективниот договор за правата на вработените во градинките.
https://www.youtube.com/watch?v=APRHSx4Go_o