Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајкот во образованието завршен, Неделков и Тренчевска се договорија и за вработените во градинките

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот, Министерството за труд и социјална политика и СОНК  постигнаа договор и ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со коишто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк. Со денешната средба покажавме дека низ социјалниот дијалог можеме да дојдеме до унапредување на работничките права, рече Тренчевска.

Измените на колективниот договор се испратени до Службен весник и штом бидат објавени, очекуваме денес или утре да бидат објавени и штом ќе бидат објавени измените ќе се пристапи кон исплата на платите согласно овие измени.

За првиот човек на СОНК, Јаким Неделков со овој договор се заокружува процесот на преговори.

Она што беше спорно, исплатата на дневници на вработените во детските градинки денес со измените во колективниот договор го регулиравме и ова право на вработените за кое сметавме дека од разни причини се дискриминирани.  Не беше во ред да им се скрати од платата. МТСП и министерката имаа разбирање за ова што го баравме.

Работните групи на СОНК и Министерството за труд и социјална политика веќе од следната недела ќе започнат со работа на новиот колективен договор кој ќе биде донесен до крајот на мај и ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки. СОНК штрајкуваше безмалку три седмици во април поради неисполнување на барањата од страна на владата, меѓу кои е и порастот на платите за  18, 4%, согласно зголемената минимална.

Нина Стефанова