Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајкуваат вработените во „Пошти“ – бараат зголемување на плата

/

пред 1634 дена

Сподели преку :

Повисоки плати, подобри услови за работа, и слух од раководството  и Владата. Ова се барањата на вработените во Пошта кои денеска како што и најавија почнаа со генералниот штрајк.

Според Синдикатот, платите во Пошта не се покачени 30 години, куповната моќ на вработените е драстично намалена, а 70 отсто од вработените имаат плата еднаква на минималната од 18.000 денари. Додека трае генералниот штрајк, препорачаните судски пратки ќе се доставуваат, но не и оние на граѓаните. Поштенските единици ќе бидат отворени за извршување на услугите на физичките и правни лица.

Вчера дел од приватните пошти се понудија да извршуваат дел од пошетнските услуги додека има штрајк во Пошта.

Менаџментот на АД „Пошта“, вчера попладнето соопшти дека поднел иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор.