Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сијарто: ЕУ веднаш треба да ја укине забраната за увоз на нафта и гас од Русија

/

пред 214 дена

Сподели преку :

Унгарија ќе ѝ предложи на Европската Унија веднаш да ја укине забраната за увоз на нафта и гас од Русија во сите држави членки на блокот за да спречи недостиг на енергија и брз раст на цените поради војната на Блискиот Исток, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто по состаноците со советот за одбрана и енергетска безбедност.

„ЕУ мора да преземе мерки во актуелната ситуација. Забраната за увоз на нафта и гас од Русија за сите региони на Унијата мора да биде укината за да се спречи брз раст на цените“, порача Сијарто, пренесува агенцијата ТАСС.

Во спротивно, нагласи тој, тоа ќе нанесе силен удар на европската економија, бидејќи цените не енергенсите растат.

Ескалацијата на војната на Блискиот Исток доведе до затворање на Ормускиот теснец низ кој се транспортира 33 отсто од светските поморски пратки на нафта и 20 отсто на испораките на течен природен гас, предупреди Сијарто.

„Ако Брисел не дозволи враќање на руските енергенси на европскиот пазар, постои ризик од брз раст на цените во Европа“, истакна Сијарто, повикувајќи го раководството на Европската Унија веднаш да делува „без идеолошки предрасуди, водејќи се од интересите на народите во Европа и европската економија“.