Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска Давкова: Со заедничка бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на Фејсбук насловена како „Ненаучена лекција“ реагираше на националистичките скандирања на навивачите на Шкендија за време на натпреварот со Карабах на Националната арена.

Во објавата, претседателката посочува дека само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество.

-Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна. Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество, потенцира Сиљановска Давкова во објавата.

Претходно, претседателката реагираше и на скандирањата на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово во саботата, посочувајќи дека е неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување.

Две лица се повикани во полиција за скандирање на говор на омраза во салата во Куманово