Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска Давкова: Закана за човештвото е носење одлуки од само неколку личности

/

пред 171 дена

Сподели преку :

На светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна, наместо реактивна дипломатија, како одговор на актуелните глобални неизвесности.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која се обрати на петтиот Дипломатски форум во Анталија, меѓу другото предупреди и од пораст од авторитарните тенденции, но и неодложната потреба од длабока реформа на ОН и на ЕУ формирани како мировни проекти, но кои потфрлиле соочени со војна и кои настапуваат како пожарникари.

Кога одлуките се носат само од неколку луѓе тоа претставува закана за човештвото. Ова е став на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, која обраќајќи се на Дипломатски форум во Анталија, Турција, меѓу другото зборуваше за наметнување на волјата и надгласувањето на големите врз малите и средни држави.

„Тоа што исто така ме загрижува е порастот на авторитаризмот. Можам да го препознаам феноменот на бонапартизам, цезаризам, каудиљизам, бидејќи ако најважните одлуки се носат од неколку личности, тоа е вистинска закана за човештвото“, рече Сиљановска Давкова.

Сиљановска иако не ги именуваше конкретно тие „неколку личности“, посочи дека во ерата на страшната криза на лидерство, на светот му се потребни одговорни и инспиративни лидери и политика заснована на докази, а не кој, кога и како победил. Притоа таа побара битка за меѓународното право, кое не е можно без стабилни институции. Според неа за да се реставрира мирот потребно е да се нема двојни стандарди, за кои кажа дека постојат дури и во третманот на жртвите.

Сиљановска во обраќањето на Форумот се осврна и на Балкан за кој рече дека секогаш по сите основи бил дел од Европа и оти ЕУ всушност треба да значи „Европа“ и во тој контекст, како што посочи, поделбата на разликите меѓу истокот и западот е вештачка.

„Од таму, прашањето за проширувањето, не е само полиитчко прашање, туку и безбедносно. Секојдневно слушам дека, да вие треба да бидете отпорни на закани од трети страни и фактори. Да, но отпорноста се гарантира, кога? Кога си внатре“, изјави Сиљановска Давкова.

Според неа, не е доволно да се каже дека ЕУ е незавршена приказна без Западниот Балкан, туку е потребно Западниот Балкан да биде вклучен во Унијата и ако е таму, во процесот на носење одлуки.

Тамара Грнчароска