Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Mалолетничка од Тетово силувана од љубовникот на нејзината мајка

/

пред 128 дена

Сподели преку :

58-годишен маж е осомничен дека извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка, додека нејзината 37-годишна мајка, според пријавеното, знаела за настанот, но не го пријавила во надлежните институции.

Случајот бил пријавен на 28 мај во СВР Тетово од страна на бабата на девојчето.

Според објавените информации, настанот се случил во декември 2024 година, кога малолетничката се враќала од Тетово кон своето село со комбе управувано од осомничениот.

Се наведува дека тој го запрел возилото и со употреба на сила извршил обљуба врз девојчето.

Случајот, според пријавеното, останал непријавен подолг период. Малолетничката подоцна ѝ кажала на мајката што се случило, но таа не го пријавила. Во објавените информации се наведува дека мајката во тој период била во врска со осомничениот.

Молкот бил прекинат откако за настанот дознала 62-годишната баба на девојчето, која на 28 мај го пријавила случајот во полициска станица во Тетово.

Полицијата, според информациите, ги лишила од слобода 58-годишниот маж и 37-годишната мајка. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање се очекуваат соодветни кривични пријави.