Илјадници членови на синдикатот излегоа на улиците на Париз да бараат повисоки плати за да се поднесат полесно трошоците од инфлацијата.
Протестот се случува на крајот на денот преполн со прекини на работата и штрајк на вработените во транспортот од страна на француските таксисти и другите вработени во јавниот сектор, кои предизвикаа големи нарушувања во нормалното функционирање на патниот сообраќај во главниот град на Франција.
Незадоволството на работниците во Франција и ширум Европа драматично се зголемува последните недели.
Инфлацијата и високите цени на енергенсите поврзани со руската инвазија на Украина го зголемуваат незадоволството кај синдикатите во повеќе европски земји.
Синдикатите организираа и повеќе улични протести како форма на притисок врз владите во своите земји.
Генералниот штрајк го успори сообраќајот во поголем дел од Белгија во текот на вчерашниот ден, кога со редовната работа запре и јавната администрација во Грција.











