Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

/

пред 188 дена

Сподели преку :

Шокантни детали од истрагата за убиството во гостиварската населба Дутлок. Обвинителството денеска соопшти дека 33-годишникот кој беше лишен од слобода, се обидел максимално да ги прикрие трагите од грозоморното злосторство. Планот му пропаднал откако анонимна пријава од странски број ја донела полицијата на неговата врата.

Oсомничениот ги прикрил трагите, телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб, соопшти денес Јавното Обвинителство за 33 годишникот од Гостивар кој вчера беше лишен од слобода како осомничен за убиство на 63 годишниот татко. Обвинителството вели дека покренува истрага за сторено убиство при вршење семејно насилство, според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, што воедно предвидува и затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор.

  • „При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал“, соопшти Обвинителството.

Според Обвинителството, осомничениот направил неколку работи за да го прикрие случајот, кој пак во полиција го пријавил друг член на семејството.

  • „Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

Александар Самарџиев

Б.С.