Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сирски на Телеграм: Русите се побројни, се обидуваме да ги задржиме позициите и да ги спречиме да напредуваат

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Врховниот командант на украинските сили, Александар Сирски ги обиколи критичните зони долж источниот фронт и оцени дека ситуацијата на терен е „исклучително сложена и напната“.

„Руските окупатори продолжуваат да ги засилуваат своите напори и бројчано ги надминуваат украинските сили“, напиша Сирски на Телеграм.

Обиколката на фронтот ја направи во придружба на министерот за одбрана, Рустем Омеров.

„Правиме сè што е можно да го спречиме непријателот да напредува на наша територија и да ги задржиме позициите“, нагласи Сирски и додаде дека се преземаат сите можни мерки за минимизирање на загубите.