Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ситуацијата на северот од Косово – тема на расправа во ЕП

/

пред 1097 дена

Сподели преку :

Европскиот парламент денеска ќе одржи вонредна расправа за ситуацијата на северот на Косово, а се очекува Резолуцијата да биде усвоена на крајот на месецот.

Дебатата ја иницираше Алијансата на социјалистите и демократите, втората по големина пратеничка група во ЕП.

„На наше барање, ЕП ќе усвои резолуција за Косово и Србија на втората пленарна седница во октомври. Ја осудуваме неодамнешната агресија на вооружена терористичка банда врз косовските полицајци. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните извршители мора да се соочи со правдата“, се наведува во соопштението на европските социјалдемократи.

Европратеникот и иницијатор на оваа дебата, Тонино Пицула, во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека Резолуцијата треба да биде јасна оценка на ЕП за состојбата на односите меѓу Приштина и Белград, „и во пресрет на последен терористички напад на северот на Косово и убиство на полицаец“.

„Покрај кривичната одговорност, треба да се утврди и политичка одговорност за последната ескалација на насилството. Пратениците исто така ќе ги кажат своите ставови за резултатите од посредничката улога на ЕУ во светло на очигледниот застој во спроведувањето на планот за нормализирање на односите, изјави Пицула за РСЕ.