Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Склучен договор меѓу ЕСМ и „Топлина“, компанијата имала најповолна понуда

/

пред 652 дена

Сподели преку :

АД ЕСМ потпиша договор во четири очи вреден 70 милиони денари, односно до 1 милион и 150 илјади евра, со фирмата „Топлина“ од Подмоље за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола.

Договорот е резултат на итна постапка, со претходна согласност од Бирото за јавни набавки.

Компанијата, според информациите понудила 15% пониска цена во споредба со претходниот оператор Марковски компани, со кој РЕК Битола ја раскина соработката поради непочитување на обврските.

Токму Топлина од Подмоље, заедно со уште две струмички фирми кои се поврзуваа со луѓе блиски до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, беше подизведувач на Марковски компани во раскинатиот договор.

Овој договор е привремено решение додека трае изборот на нов изведувач.

Целта е да се обезбеди континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните на РЕК Битола, велат од ЕСМ.