Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјанец осомничен за обид за убиство

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство во Скопје отвори истрага против 25-годишен маж осомничен за обид за убиство, по инцидент што се случил пред неколку дена по полноќ пред угостителски објект на улицата „50 Дивизија“.

На настанот му претходела вербална расправија која ескалирала во физичка пресметка…
Според информациите, оштетениот прв го нападнал осомничениот, по што тој извадил нож и му нанел повеќе убодни рани во пределот на градниот кош, стомакот и грбот.

Повредениот добил лекарска помош и е пуштен на домашно лекување. Јавниот обвинител предложил мерка куќен притвор, која веќе е определена во траење од 30 дена. Од МВР информираа дека против осомничениот е поднесена кривична пријава и дека случајот е во понатамошна постапка.