Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјани добија парно, но не знаат какви сметки ќе добијат на крајот од месецот – почна грејната сезона

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Топланите вчера стартуваа со производство и испорака на топлинска енергија, а на првиот ден од грејната сезона не беа регистрирани дефекти во централниот систем за греење со кој управува ЕСМ.

Граѓаните добија парно греење, но по стара цена. Засега Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не носи одлука за нова цена, сè додека не биде поставен новиот топловод по мостот „Беласица“, за кој градот Скопје и ЕСМ се натегаат со месеци.

Сепак, останува нејасно по која цена ќе ја плаќаат услугата, со оглед дека сè уште не е почната замената на цевките на топловодот под мостот „Беласица“. Вообичаено, одлука за нова цена на парно се носи до крајот на јули, но поради низа проблеми РКЕ се одлучи да го одложи.

Градско парно користат над 60.000 домаќинства, најмногу приклучени има на ЕСМ, поранешно БЕГ, додека најмалку на топланата Скопје-Север.