Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје и денеска во сообраќаен хаос – освен недостигот на автобуси, нервозни граѓани возат низ раскопани улици

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Скопје и денеска во сообраќаен метеж. Проблем не се само автобусите, раскопаните улици во централното градско подрачје го блокираат  главниот сообраќаен крвоток што предизвикува голем застој и нервоза кај патниците кои брзаат да стигнат на своите работни места и училишта.

Наместо во лето градските власти го ставија градот во хаос во време кога е најраздвижено- посебно критичн е состојбата на булеварот кај Народна банка кој ја поврзува населбата Аеродром со центарот на Скопје, каде по обилните врнежи од дожд за времне на виекндот дупките се наполнија со вода и улицата стана небезбедна. Од „Улици и патишта“ велат дека долго чекале за дозвола од МВР и други институции за да отпочнат со интервенција.

На потегот кај Железничка станица, ЈП Улици и патишта моментално санира прекоп кој е направен од страна на приватна фирма и се интервенира за да може да биде воспоставено нормално одвивање на сообраќајот во тој дел.

Протестите на приватните превозници ги натера граѓаните да ги користат автомобилите што покрај градежната офанзива која е во полн ек предизвик километарски гужви.

Симона Петровска