Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

/

пред 537 дена

Сподели преку :

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд не очекува и во следните денови.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и минималната температура од 5 до 12, а максимална од 17 до 25 степени. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.