Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје на врвот на листата за загаденост: Жителите го дишат најзагадениот воздух во Европа

/

пред 659 дена

Сподели преку :

Скопје го започна вториот ден од годината со алармантно загаден воздух, рангирајќи се како четврти најзагаден град во Европа.

Според податоците од специјализираната страница IQAir, индексот на квалитет на воздухот во Скопје изнесува 154, што го сместува градот меѓу најзагадените на континентот.

На светско ниво, листата на најзагадени градови ја предводат Делхи, Дака, Сараево, Калкута и Вухан.

Експертите предупредуваат дека високите концентрации на загадувачки честички, особено во зимските месеци, имаат сериозни последици по здравјето на граѓаните. Главни причини за ваквото загадување се зголемената употреба на горива и грејни тела.

Граѓаните се повикуваат да преземат мерки за заштита, како носење маски и ограничување на престојот на отворено во периоди на високо загадување.