Скопје и утроово зе буди во отвровен воздух.
Последните податоците од мерењето на веб-страницата IQAir, котира на четвртата позиција на неславната листа.
На листата во европа пак е на втората позиција, пред него е само Сараево.
Индексот на загадување изнесува 199, а воздухот е означен како нездрав.
Загадувањето со ПМ2,5 честичките утрово е дури 25 пати над дозволената горна граница поставена од страна на СЗО.
Според мерењето утрово на метар кубен има 124 микрограми.
Високо е и загадувањето со ПМ10 честичките кои во моментов се застапени со 92,6 микрограми на метар кубен.
Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и поради затоплувањерто на домовите.
Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови.
За сега не се изречени мерки за ослободување од работа на граѓаните кои спаѓаат во ранливите категории кога е во прашање здравствената состојба иако со денови воздухот во Скопје бележи високи нивоа на загаденост.











