Скопје утрово рангиран на листата топ десет најзагадени градови во светот со отценка која покажува дека животна средина е нездрава.
Според веб страницата AqAir утринава измерени се концентрации на загаденост на воздухот со индекс 163, концентрација на ПМ2,5 честички, што пак е речиси 20 пати над препораките на Светската здравствена организација.
Во групата десет најзагадени друштво ни прави Белград каде ситуацијата е малку полоша со индекс на загаденос 179, а високото прво место на оваа непопуларна топ листа му припадна на градот Карачи во Пакистан каде утринава индексот на загаденост изнесувал 192.
На листата топ десет најзагадени се најдоа и Калкута во Индија и Краков во Полска кои денеска се позагадени во споредба со Скопје, а подобро котираат соседна Софија и Берлин чиј индекс на концентрација на овие штетни честички изнесува 161.











