Секоја година за еден процент се зголемува бројот на пациенти со рак на дојката, аламираат лекарите кои работат на скринингот, раното откривање на овој карцином.
Причините за зголемување на бројот на пациенти не е само генетскиот фактор, туку и аерозагадувањето, стресот, начинот на живот и физичката активност покажуваат истражувања, вели универзитетската професорка Јасмина Чабуковска која е и дел од Националната комсија за рана детекција на ракот на дојката.
Новитет во земјава е асимптоматските пациентки на возраст од 40 до 69 години се ставени во скрининг програмата и немаат потреба да се пријават во кабинетот за дојка и на тој начин се растетуваат кабинетите за мамографија, кои се за пациентите со симптоми и за оперирани пациентки.
Во источниот регион во моментов работат само два мамографи, со што жените од Малешевско-Пијанечкиот регион се принудени да патуваат до Кочани или Штип.
Во Кочани најмладата пациентка има само 19 години и од невладиниот сектор алармираат дека старосната граница постојано се поместува, а бројот на новозаболени жени е во пораст. Минатата година од карцином на дојка во државата починале 346 жени.
Викторија Јованова











