Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Славески ја презеде Народната банка од Ангеловска Бежоска

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Трајко Славески ја презеде функција гувернер од неговата претходничка Анита Ангеловска-Бежоска на официјална церемонија што се одржа денеска во Народната банка.

Славески истакна дека функцијата гувернер носи голема одговорност за водење на една од најважните институции во земјата.

„Ќе се залагам за натамошно зајакнување на стабилноста на макроекономското и финансиското опкружување, со политики коишто се темелат на професионалност, аналитичка аргументираност и транспарентност. Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста и на меѓународните партнери во Народната банка, градејќи визија којашто им одговара на предизвиците на современото време и на потребите на нашата економија“, изјави Славески.

Ангеловска-Бежоска на предавање на функцијата истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. Изрази благодарност до вработените во Народната банка за нивната исклучителна посветеност, професионалност и за нивниот придонес во унапредување на институцијата. На Славески му честита за мандатот и му посака успеси во остварување на законски дефинираните цели на Народната банка, како професионална, независна и кредибилна институција.