Гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски, вели дека инфлацијата ќе влијае на одлуките за каматните стапки во 2026 година.
За да се намалат каматите, потребно е да се забави инфлацијата, што ќе се постигне ако платите се зголемуваат преку законски процеси, а не административно, објави Блумберг цитирајќи го гувернерот на НБМ.
Ова ќе биде клучно за монетарната политика во иднина, вели тој. На последната седница на Извршниот одбор за монетарна политика, било одлучено основната каматна стапка да остане на исто ниво од 4%. (ИСПРАВКА: Во претходната верзија беше посочено 5,35% како што беше наведено од изворот на информацијата, но по проверка, процентот е исправен на 4 како што е наведено на официјалниот веб сајт на НБМ).
Оваа стапка не е менувана од февруари годинава и претставува клучен елемент во економската стабилност.
Гувернерот исто така нагласи дека стабилноста на монетарната политика и контролата на инфлацијата се основа за понатамошен економски раст и развој, а решавачки ќе биде како ќе се движат платите и трошоците за живот во текот на следната година.











