Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Следниот месец се очекува нова цена на струјата

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Се крои нова цена на електричната енергија.  Колку ќе биде зголемувањето енергетските  компании се уште калкулираат.

Првиот човек на Регулаторната комисија  Бислимовски за  Утрински  брифинг вели дека операторите  имаат рок до крајот на месецов да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука.

Билсомовски соопшти дека во моментов цената на светските берзи се движи околу 230 евра за мегават час, но и  се очекува  цела оваа година таа да биде висока.  За заштита од  поголеми ценовни шокови вели дека решението е во зголемено домашно производство, но и во штедење. Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.

Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.