Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словачка ја поддржува Унгарија во заканата дека ќе ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Словачка ја поддржува Унгарија во заканата дека ќе ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија и ќе ја забави помошта на ЕУ за Украина додека не продолжат испораките на руска нафта. Денеска министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат во Брисел за да разговараат за нов пакет санкции.

-Сега, претседателот  Зеленски ќе го запре протокот на нафта и ќе ни предизвика голема главоболка. Неговите изговори немаат смисла бидејќи еден украински политичар зборува за ситуацијата со наводно оштетениот нафтовод на еден начин, додека друг  зборува за тоа на сосема поинаков начин. Нашите разузнавачки информации потврдуваат дека нафтоводот во Украина е оперативен и дека прекинот на транзитот на нафта е чисто од идеолошки и политички причини. Она што го прави украинскиот претседател, секако, ќе доведе  до реципрочни мерки.  Ќе ја посетам државната компанија СЕПС и ќе ја замолам да ги прекине итните  испораки на електрична енергија за Украина, изјави Роберт Фицо.