Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенија и Франција подготвени да испратат пожарникари со специјални возила во Македонија

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Словенија и Франција одговорија на ЕУ механизмот за цивилна заштита за справување со пожарите во земјата. Овие две земји се подготвени да испратат пожарникари со специјални возила. Дванаест дена трае битката со огнот на планината Готен на територија на општините Василево, Радовиш и Берово. Се гаси и од земја и од воздух. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски вели критична е состојбата со огнената стихија, во текот на ноќта огнот го поминал заштитниот појас, којшто е  направен со трактори и булдожери. Во овој дел гори високостеблеста шума. На кризниот штаб е договорено доколку огнот продолжи да се шири, не се исклучува можноста да бидат евакуирани и неколку земјоделски стопанства  и граѓани кои се во тој дел од планината, што  чуваат стока.

-Најблизу се Русиново и Владимирово како населени места и туритичката населба Суви Лаки. Засега е далеу огнот од населените места, но знаете, стихијата не брои километри таа делува и прави пустош, изјави градоначачалникот на Берово Звонко Пекевски.

На планината Готен од радовишка страна шумскиот пожар се гаси од земја и од воздух. Сите сили се распоредени  во планината над селата Јаргулица, Покрајчево и Подареш.

-Овде дејствуваат Ер трактори на ДСЗ и еден полициски хеликоптер. Има огромна маса на луѓе кои што помагаат го штитат пожарот да не се симне надолу. Работи и механизацијата. Тука се и специјализираните возила и во моментов се трудиме да го стопираме на една пресека каде што е направена за да не ги загрози населените места кои што се надолу, вели Кире Михаилов заменик директор на ЈП „Национални шуми.

Во земјава има 15 активни пожари, но оваа бројка се менува од миг во миг. Шумски пожари има кај Македонска Каменица, Чашка, Прилепско, Македонски Брод, Желино, скопскиот регион кај Илинден и Катланово. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција рече дека за разлика од минатите години закајната се капацитети на институциите со специјализирани возила за гаснење на пожарите, склучени се договори и со пилотите за ер тракторите и за оваа и за следната година.

-Веќе добивам повеќе од седум понуди, заинтересирани пилоти кои што се подготвени да поминат обука за ер трактори. Доколку успеам оваа бројка ќе ја зголемиме најмалку на двојно. Нам ни фалат многу пилоти. Со тоа што имам размислување да го засилиме фондот со ер трактори. Разгледуваме некои можности преку ЕУ. Доколку се покажат поволни можеби во наредниот период дражавата ќе биде зајакнета со неколку Ер Трактори затоа што дефинитивно тие се најефтини, но и најефикасниот начин за гаснење, вели Стојанче Ангелов директор на ДЗС. 

Тој апелираше месното население во селата да си ги заштити куќите и викендици со орање на површините околу нив. Посочи дека за дел од пожарите се подметнати за економски бенефит, за користење на дрвјата по пожарите, а дел ги имаат предизвикано пиромани.

Викторија Јованова